Околу 2.500 билети што се наменети за македонските навивачи за мечот со Португалија на 29. март веќе може да се купуваат по цена од 820 денари, објави фудбалската федерација на Македонија.
Ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто за три дена од 20.45 часот, а според стандардите на УЕФА и ФИФА од капацитетот од 50 илјади места на гостите им следуваат пет проценти од билетите.
Продажбата е преку Mk Tickets, официјалниот партнер на ФФМ.
Билетите може да се купуваат на следниот линк:
https://mktickets.mk/event/por-mkd/
Победникот од овој меч ќе игра на Светското првенство во Катар што ќе се одржи во ноември и декември оваа година.