Здружението на европските фудбалски клубови го претстави новиот модел за квалификациите во Лигата на шампионите. Една од најголемите новости е тоа што два клуба ќе добијат место во групната фаза според историскиот успех на клубовите, нешто што досега не било случај.
Од сезоната 2024/25, Лигата на шампионите ќе се игра по таканаречениот Швајцарски модел. Ќе учествуваат 36 екипи, односно четири повеќе од сегашните 32 клубови. Сите клубови кои ќе бидат дел од групната фаза ќе играат минимум по 10 меча, а не како што се досега, кога имаат загарантирани шест средби.
Од новите четири места, две ќе се доделуваат на сметка на историските успеси на клубовите. Два најдобропласирани клубови кои се на позиции што не носат место во ЛШ, а имаат најдобри коефициенти во последните пет години ќе имаат директен пласман во групната фаза.
Едно место ќе биде доделено на петтопласираната екипа во лигата која во тој момент ќе има најдобар коефициент во Европа, а едно место ќе се одлучи преку квалификации во кои ќе играат прваците во земјите кои се послабо рангирани. Во мај овие промени треба и службено да бидат одобрени.