Бесценето: Како ечеше македонската химна проследено од трибината каде што беа нашите навивачи (Видео)

Македонија не успеа да се пласира на Светското фудбалско првенство во Катар, но едноставно беше гордост да си навивач на македонската репрезентација во изминатиов период.

Македонија во изминативе неколку дена беше тема број еден во европскиот фудбал. Ја победивме Италија во Палермо, а синоќа не успеавме да го направиме последниот чекор на „Драгао“ во Порто и загубивме од Португалија.

Фдубалерите на теренот беа достојни ривали на Португалците, а на трибините повеќе од 1.000 македонски навивачи не ги штедеа своите грла и навиваа во сите 90 минути. Посебно фантастични беа моментите за време на интонирање на македонската химна.

- Оглас -

Најнови вести