3141 Динамо Загреб – Истра (ХНЛ, Хрватска, 18 часот)
Актуелниот шампион на Хрватска апсолутно доминира во дуелите со Истра, а и денеска мора да ги освои бодовите за да биде комотен на врвот во ХНЛ пред решавачките мечеви за титулата.
Динамо има неверојатни 35 меча во низа без пораз од Истра. Последниот му е во 2014 година, и тоа како гостин во Пула. Интересно е тоа што последниот меч двете екипи го играа на „Максимир“, домот на Динамо, Истра направи сензација и ремизираше 1:1.
Сега тимот за кој играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски не смее да си дозволи таков луксуз во битката за титулата.
Домаќините се многу поквалитетни и повторно ќе победат против омилениот ривал во Хрватска, а типуваме дека ќе имаат и предност на полувремето.
Предлог тип: 1-1 (1.77)
3001 Специја – Интер (Серија А, Италија, 19 часот)
Интер ги искористи киксовите на Милан и Наполи и сега е топ-фаворит за Скудетото, односно има големи шанси да ја одбрани титулата.
Иако Нераѕурите не играат убедливо, сепак ривалите имаа полоши претстави во последните неколку кола и сега Интер е втор со два бода помалку од Милан, има најлесен распоред до крајот на сезоната и меч помалку, па ако нема сериозни изненадувања, големи се шансите за нов пехар во Серија А.
Специја речиси сигурно пак ќе игра во Серија А бидејќи има убава бодовна предност во однос на Венеција и Џенова од 11 бода.
Домаќините можат да играат порелаксирано во таква ситуација и да му ја затресат мрежата на Интер.
Во досегашните три меѓусебни дуели, Специја на два меча погодуваше против Интер и типуваме дека и денеска ќе биде така, на меч на кој Интер е поблиску до победа.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.14)
3002 Милан – Џенова (Серија А, Италија, 21 часот)
Милан нема постигнато гол во Серија А над 200 минути и тоа може скапо да го чини, а влогот е Скудетото.
Проблемите во нападот само се зголемија со повредата на Златан Ибрахимовиќ, кој нема да игра против Џенова.
Росонерите немаат веќе избор и мора да победуваат ако сакаат да ја освојат титулата во Италија, 19-та по ред и прва по пауза од 11 години.
Најстариот клуб во Италија, Џенова, има поинакви маки и може да испадне. Поранешниот тим на Горан Пандев е претпоследен со 22 бода, еднакво како и Венеција, која е пред нив бидејќи има меч помалку и Калјари, кој е прв над зоната за испаѓање со 25 бода.
Популарните Грифони имаат и незгоден распоред во последните шест кола и ќе играат со Милан, Јувентус и Наполи, сите кандидати за титулата, а имаат и градско дерби со Сампдорија, па за нив пораз на „Сан Сиро“ вечерва може да значи и збогување со Првата лига.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.11)
1301 Реал Сосиедад – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Реал Сосиедад и Бетис им се единствените конкуренти на Барселона, Севилја и Атлетико Мадрид за позициите втора, трета и четврта што водат во Лигата на шампионите.
Трката ќе биде интересна до крајот, а моментно и Бетис со 56 бода и Реал Сосиедад со 54 се надвор од Лигата на шампионите зоната на петтото и шестото место во Ла Лига.
И двете екипи имаат идентични серии од четири меча без пораз и во тој циклус победија по трипати и ремизираа еднаш.
Пораз денеска ќе значи драстично намалување на шансите да се игра во луксузната европска лига, па мора да се оди на победа.
Бетис мора да мисли и на финалето во шпанскиот куп против Валенсија на 23 април во Севилја, но ова им е еден од најважните мечеви во сезоната, исто како и за Реал Сосиедад.
Предлог тип: 1+I&2+ (1.61)
1613 Рен – Монако (Лига 1, Франција, 21 часот)
Рен игра феноменално во финишот на сезоната и на последните 9 меча во сите натпреварувања има само еден пораз, едно реми, а победи 7 пати.
Бруно Женесио нетипично за францускиот фудбал создаде тим што е вистинска машина за голови, игра убав фудбал за око и ултраофанзивен, а Рен постигна 67 гола во 31-вото коло и само лидерот ПСЖ е поефикасен со 70 погодоци.
Мартин Терие е втор стрелец во Лига 1 со 18 голови, Гаетан Лаборд е веднаш зад него со 14, а Бурижо и Жираси со по 8 гола, само покажуваат каква екипа има Рен.
Вистински џекпот за клубот е ангажманот на хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер, кој има 8 асистенции и одлично се снајде во Рен.
И Монако има моќно офанзивно решение, а ги предводи Висам бен Једер, кој има ист учинок како и Терие и постигна 18 голови досега.
Квалитетот и на Воланд, Диоп, Мартинс… кај Монако ветуваат спектакуларен меч и многу голови на „Роажон парк“ во Рен.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.25) Супер тип на Sport Life