Дали во Србија се одиграл наместен меч пред две недели? (Видео)

Мечот меѓу Радник Сурдулица и Нови Пазар во српското првенство е означен како сомнителен од страна на Европската фудбалска федерација (УЕФА), пишуваат српските медиуми.

Иако резултатот не е посебно сомнителен, затоа што домаќините победија со 2:0, благодарение на погодоци постигнати во првото полувреме, се работи за сомнеж откако биле направени големи уплати за победа на домаќинот.

Како сомнителни се посочени неколку фудбалери на Нови Пазар, но засега нема ништо ниту официјално, ниту конкретно. Во продолжение може да погледнете како се одвиваше овој меч од српското првенство одигран само пред две недели.

- Оглас -

Најнови вести