Таткото додека го хранеше бебето, го направи потегот на мечот (Видео)

Освен во НБА, во американскиот спорт продолжуваат возбудувањата и во бејзбол лигата. За денеска на програмата се дури 12 дуели кои ги има во понудата на Sport Life.

На еден од последните мечеви, меѓу Сан Диего и Синсинати редс, најдобриот потег го направи еден гледач на трибините. Во петиот ининг на „Грејт Америка бол парк“, Луис Кампусано со бејзбол палката силно удри по топчето, кое летна високо, кон трибината.

Топчето најпрво удри во дел од столчињата, а потоа татко кој со цуцла го хранеше бебето успеа да го дофати пред останатите гледачи. Дефинитивно потег на мечот.

- Оглас -

Најнови вести