И тоа се случи, Барселона победи на „Камп Ноу“

Барселона славеше над Мајорка со 2:1 и конечно донесе радост на навивачите на „Камп Ноу“. Со оваа победа Барселона се искачи на второто место на табелата со 66 бодови и сега останува само теоретски каталонскиот гигант да го обезбеди местото во Лигата на шампиони за следната сезона.

Мемфис Депај погоди за 1:0 за фаворитот во 25 минута, а Серхио Бускетс зголеми на 2:0 во 54 минута. Мајорка не се предаде и гостите со погодокот на Рељо во 79 минута намали на 2:1, но тоа не беше доволно да се спаси од пораз.

Барселона со оваа победа ја прекина најлошата низа пред своите навивачи. Каталонците имаа три порази по ред на „Камп Ноу“ и оваа е нивна прв радост по еден месец.

Добра вест за Барселона е враќањето на Ансу Фати кој поради повреда ги пропушти претходните 19 средби.

- Оглас -

Најнови вести