32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Анчелоти го остави Родриго на клупа, Гвардиола со истиот напад оди на финале (Фото)

Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола не ризикуваа премногу со промени во составите на Реал Мадрид и на Манчестер сити за реваншот вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, а мало изненадување е што Родриго нема да игра од стартот за домашниот тим.

Карим Бензема и Винисиус јуниор ќе го предводат нападот на Реал, а кај Манчестер сити офанзивната постава е иста и ќе игра трилингот Фоден, Жезус и Марез.

Првиот меч го доби Манчестер сити со 4:3 и пак се очекува голеада, сега на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Победникот ќе игра финале во Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај во Париз.

https://twitter.com/realmadrid/status/1521897928805257216?s=20&t=6xuDrz6qtxilTGWR0IpVJw

Кај гостите има само една измена во однос на стартниот состав што победи на првиот меч и во реваншот Вокер ќе игра наместо Стоунс.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1521910221534281729?s=20&t=6xuDrz6qtxilTGWR0IpVJw

 

 

- Оглас -

Најнови вести