Најдобрите четири кошаркарски екипи во Европа денеска ја започнуваат конечната борба во трката да се искачат на континенталниот трон. Анадолу Ефес ја има улогата на актуелен бранител на тронот и во првото полуфинале за противник ќе го има грчкиот Олимпијакос. Ефес ја има улогата на фаворит, но Грците може да очекуваат поддршка од трибините затоа што навивачите на нивниот тим се „збратимени“ со тие на Црвена ѕвезда. Фајнл-фор турнирот се игра во Белград.
Во второто полуфинале ќе се игра кошаркарско Ел Класико. Барселона е фаворит против Реал Мадрид, но овие мечеви секогаш се непредвидливи. Освен на резулат и стандардните понуди за овие кошаркарски дуели, во понудата на Sport Life има дури 21 кошаркар на кој може да одиграте на „плус-минус“ број на поени.