Дончиќ е вреден како пчела, мајсторски собира поени, асистенции и скокови

8403 Њујорк ренџерс – Каролина Хјурикенс (НХЛ плејоф, 01 часот)

Каролина има чуден тренд во плејофот и на четири меча досега не победи ниту еднаш на гости.

Го елиминираа Бостон во првата рунда со 4:3 и сите победи ги забележаа на домашен терен, а и на првото гостување во Њујорк загубија од Ренџерс со 3:1.

Тимот од Њујорк покажа карактер во дербито од првата плејоф рунда во Источната конференција, кога успеа да се врати од работ на елиминација против Пистбург пингвинс и негативата од 1:3 во победи, ја преточи во конечен триумф со 4:3 и остана во игра за титулата.

Њујорк има многу брза предна линија со Зибанеџад, Крејдер, Панарин, а извонредно играат и Фокс и останатите хокеари на Ренџерс, тим што никогаш не се предава и типуваме дека ноќеска ќе израмни на 2:2 во победи.

Предлог тип: 1 (2.50)

 

8404 Едмонтон ојлерс – Калгари флејмс (НХЛ плејоф, 03.30 часот)

Канадското дерби во Западната конференција е извонредно, со многу пресврти и ултра-ефикасно, а почна со неверојатни 15 гола на првиот меч, кога Калгари славеше со 9:6.

Потоа Едмонтон направи пресврт и води со 2:1 и е поблиску до финалето во Западната конференција.

Идвете екипи имаат фантастични напаѓачи, Едомонтон верува во дуото Мекдејвид и Драјсајтл дека ќе ги одведе до големото финале, осмо во историјата на НХЛ лигата и прво по пауза од 16 години.

Гудро, Линдхол и Такчук се триото напаѓачи на Калгари, едноод најдобрите во Лигата, а и Флејмс се надеваат на пресврт што би ги довело на една плејоф серија до големото финале, прво за нив по 2004 година.

Тешко е да се предвиди која екипа ќе победи, но за Ојлерс и Флејмс не е тешка задача заедно да постигнат барем шест гола.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.55)

 

8395 Лука Дончиќ (НБА плејоф, Далас – Голден стејт, 03 часот)

Лука Дончиќ ниже 40+ поени во плејоф серијата со Голден стејт вориорс, но засега тоа не им ноди бенефит на Маверикс.

На последните два меча брилијантниот Словенец постигна вкупно 82 поени, иако има проблоеми со десното рамо.

Кога ќе се соберат и скоковите и асистенциите, Дончиќ имаше 54 и 55 поени на последните два меча.

Тој е срцето на тимот и очекуваме пак да биде на препознатливо ниво, а Далас бие битка за опстанок во плејофот, бидејќи губи со 0:3 против Воините.

Дончиќ беше брилијантен кога најмногу му требаше на Далас и во претходната плејоф серија со Феникс, кога победија во последниот меч против вицешампионот и го елиминираа со 4:3 во победи.

И сега им треба перфектна партија од Лука за да останат во игра за подвиг и типуваме дека Дончиќ пак ќе има повеќе од 51.5 поени во вкупен збир на кошеви, асистенции и скокови.

Предлог тип: >51.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

7180 Дрејмонд Грин (НБА плејоф, Далас – Голден стејт, 03 часот)

Дрејмонд Грин е движечката сила на Вориорс во состав што има топ индивидуалци, беспрекорни шутери и искуство и млади атлети.

Грин не е класичен центар, но ја обавува и таа задача и тоа одлично во тимот што сигурно чекори кон ново финале во НБА, што би им било шестто во последните 8 сезони.

Дрејмонд е одличен дефанзивец и една блокада за него не претставува проблем, па нашиот тип е дека ќе успее барем еднаш да му подели рампа на некој од кошаркарите на Далас.

Предлог тип: >0.5 блокади (1.60)

 

7198 Кевин Луни (НБА плејоф, Далас – Голден стејт, 03 часот)

Кевин Луни е пријатно изненадување во плејофот и само уште еден одличен додаток во моќната машинерија на Голден стејт вориорс.

На вториот натпревар од серијата со Далас постигна 21 поен што му личен рекорд во плејоф.

Луни е одличен скокач и вредно собира топки, а на двата последни натпревари со Маверикс имаше по 12 скока.

Сега границата е 9.5 во Sport Life; а ќе типуваме дека ќе забележи и хет-трик со двоцифрен број на скокови.

Предлог тип: >9.5 скока (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести