Германија и Англија го играат европскиот класик, во Минхен ќе се бројат многу голови

6120 Финска – Црна Гора (Лига на нации, 18 часот)

Финска и Црна Гора за првпат ќе играат меѓу себе во официјален меч, а овој меч од третото коло во третата група од Сегментот Б е многу значаен и за двете репрезентации.

Црногорците стартуваа одлично во новото издание на Лигата на нациите и ја победија Романија со 2:0, а и Финците почнаа солидно со реми 1:1 против Босна и Херцеговина.

Групата е многу изедначена и битката за првото место што носи во Сегментот А во ова натпреварување ќе биде интересна и неизвесна докрај.

Финците сакаат да ја прекинат серијата од 4 меча без победа, а гостите имаат поинаков план и по долго време да врзат три победи по ред.

И Финска и Црна Гора имаат солидни состави и познати фудбалски асови од калибарот на Пуки, Храдецки, Марушиќ, Вешовиќ…, а некако се и израмнети според квалитетот, па ќе типуваме на реми.

Предлог тип: Х (3.35)

 

6701 Германија – Англија (Лига на нации, 20.45 часот)

Огромниот ривалитет на спортски план и особено на фудбалски го прави европското дерби на гигантите Германија и Англија едно од најголемите во светот на најважната споредна работа на светот.

Веројатно само пресметките меѓу Бразил и Аргентина имаат поголемо значење во светот на фудбалот и тие меѓу Германија и Италија.

Германија почна сосема солидно во силната трета група во Сегментот А со реми 1:1 против Италија на гости, а Англија доживеа шокантен пораз од Унгарците исто така на гости со 1:0.

Со тоа Гордиот Албион ја прекина успешната низа од 9 меча без пораз, но и овој од Унгарија беше доволен повторно цел да биде селекторот Герет Саутгејт.

Англичаните сè уште жалат за поразот од Италија во финалето на ЕП, сега лошо почнаа и во Лигата на нациите, па не им останува ништо друго освен да одат на победа во Минхен.

Германија со Ханси Флик како селектор нема пораз на 10 меча по ред, а Елфот ќе сака реванш за поразот на ЕП од Англија со 0:2, што ветува спектакл со многу голови.

Предлог тип: 2-3I&4+ (6.00)

 

6702 Италија – Унгарија (Лига на нации, 20.45 часот)

Поразот од Македонија во Палермо беше болен за четирикратните светски прваци. Италија нема да игра на втор Мундијал по ред, што е голем неуспех за Аѕурите.

Тоа предизвика и ремонт во репрезентацијата со заминување на неколку значајни играчи, па една од најреномираните светски селекции почна одново.

Стартот во Лигата на нациите не им е лош, ремито 1:1 дома со Германија не е неуспех, а сега имаат шанса со победа против Унгарците да бидат лидери во тешката трета група во Лигата на нациите.

Унгарија покажа дека е незгоден ривал со победа против Англија, па се очекува интересен меч во Чезена, а ние типуваме дека Италија ќе даде од 1-3 гола во двете полувремиња.

Предлог тип: Т1 &1-3I&1-3II (2.45)

 

6122 Литванија – Турција (Лига на нации, 20.45 часот)

Литванија веќе подолг период е во надолен тренд и има само 2 победи на последните 16 меча, една против Сан Марино и една со Бугарија.

Во квалифукациите за Мундијалот во Катар завршија последни во групата само со една победа и 7 порази.

Сменија и селектор, но и тоа не им донесе значајна промена, па сега и Иванаускас е под притисок по поразот дома од Луксембург.

Турција е многу посилна селекција од домаќинот, има одлични индивидуалци и тим, што го предводат Чалханоглу, Ундер. Унал, Демирал, Сојунџу… и типуваме дека ќе победат во Вилнус, на меч со најмногу четири гола.

Предлог тип: 2&0-4 (1.56)

 

1603 Босна и Херцеговина – Романија (Лига на нации, 20.45)

Романците имаат многу проблеми и лоша атмосфера во националниот состав, а новиот селектор Еди Јорданеску стартуваше со серија од три меча без победа.

Сега пред нив е императив да победат или брзо ќе се клати жешкото столче на селекторот.

Романските медиуми објавуваат дека во репрезентацијата нема атмосфера, нема жар за победа и не се оптимисти ниту за денешниот дуел со Босна и Херцеговина.

Босанците го задржаа Ивајло Петев како селектор, иако и за бугарскиот стратег имаше многу критики по серијата од четири порази и едно реми во периодот од финишот на ланската и почетокот на оваа година.

Петев успеа да ги наговори двете големи ѕвезди на репрезентацијата, Един Џеко и Миралем Пјаниќ, да не се откажат и да продолжат да играат, а токму Џеко со асистенција во 93-тата минута до Превљак беше еден од најзаслужните за ремито во Финска, 1:1 за добар старт на БиХ во Лигата на нациите.

На „Билино поље“ во Зеница тешко се победува, па Босна и Херцеговина во својата тврдина ќе ја искористи кризата на Романците и ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (2.29) Супер тип на Sport Life

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести