Манчестер јунајтед и Солскјер чекаат петка, Рединг е таман ривал за нова победа

Натпреварите во ФА купот во Англија се секогаш интересни, честопати има изненадувања, а денешната понуда во Sport Life е богата. Почна и вториот дел од сезоната во Шпанија, па полека се враќа препознатливиот ритам на натпревари на листата за обложување.

Во редовната дневна понуда на страниците на Спорт Манија, за денеска подготвивме микс од четири дуели од ФА купот и еден меч од шпанското првенство.

 

Манчестер јунајтед – Рединг (13.30 часот) 

Некогашните ривали од Премиерлигата моментно се во сосема спротивно расположение. Манчестер јунајтед блеска под команда на новиот тренер Оле Гунар Солскјер и има четири победи по ред. Норвежанецот експресно ги врати „црвените ѓаволи“ на победничкиот колосек и што е најважно Јунајтед повторно игра офанзивен фудбал, што не беше случај во ерата на Жозе Мурињо.

Откако пристигна Солскјер, најтрофејниот англиски клуб во просек дава по 3,5 голови на меч што е многу поразлично од скромниот просек од нешто повеќе од еден гол со Португалецот на клупата на Манчестер јунајтед.

Рединг е во страшна криза, го смени и тренерот, но серијата лоши игри и резултати во Чемпионшип продолжува. Имаат низа од 10 меча без победа, а денеска се наѕира нов пораз во меч од ФА купот на „Олд Трафорд“.

Предлог тип: 1&3-5 (1.85) Квота на денот

 

Челзи – Нотингем Форест (16 часот)

Ова е дуел на поранешни европски прваци, но сега претставници на две различни лиги во Англија. Челзи подолго време е во големата шесторка на англискиот фудбал, додека двојниот европски првак Нотингем Форест веќе 20-та година по ред не е член на елитното друштво.

Популарните „шумари“ имаат две титули во ФА купот, но и тие се освоени во некои дамнешни времиња. Нотингем се обидува да си го врати стариот сјај од ерата на Брајан Клаф и на Питер Тејлор, кога се освојуваа и европски титули во Купот на европските шампиони.

Челзи во моментов е многу посилен тим, иако ФА купот секогаш носи изненадувања.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.25) Квота на денот

 

Евертон – Линколн (16 часот)

Разликата меѓу двата клуба е три ранга на натпреварување во Англија. Евертон е член на Премиерлигата и е фаворит против лидерот во Лига два, Линколн.

Избраниците на Марко Силва имаат два порази во низа и четири на последните пет меча. Победија само на Боксинг деј против скромниот тим на Барнли, па денеска не смеат да си дозволат кикс. Во ФА купот има поправен испит, само ако е нерешено, па и Линколн си има свои сметки. Гостите играат одлично во Лига два во Англија и можат барем еднаш да ја затресат мрежата на „карамелите“.

Предлог тип: ГГ (2.18)

 

Алавес – Валенсија (16.15 часот)

Ова е дуел на две екипи што имаат амбиции да играат во европските купови. Алавес блескаше на стартот од сезоната во Ла Лига, едно време беше и на првото место, но стаса и кризата, па имаат само една победа на последните пет меча во домашното првенство. Засега се подобропласирани од Валенсија, но гостите се во подобра форма.

Валенсија има и подобар меѓусебен биланс и четири меча по ред се без пораз во дуелите со Алавес. Последните 8 меѓусебни мечеви се 3+, па нема причини и денеска да не биде ефикасно во Виторија.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.30) Квота на денот

 

Блекпул – Арсенал (18.30 часот)

Во октомври лани, двете екипи играа меѓусебе во уште еден куп во Англија, во Лига купот. Арсенал на домашен терен славеше со 2:1 и се пласира во четвртфиналето. Топчиите тргнаа одлично, водеа со 2:0, но во меч со по едно исклучување на двете страни, на крајот стравуваа за победата.

Гостите се фаворити, традицијата вели дека имаат четири победи во 4 меѓусебни дуели и сите им се со предност на полувремето, па и денеска би требало да победат.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.25)

 

 

- Оглас -

Најнови вести