Синот на Руни го засени наследникот на Роналдо: Фудбалска Англија се чуди на билансот на младиот Каи

Вејн Руни, најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација, но и во Манчестер јунајтед, има свој наследник. Каи Руни е 12-годишно момче кое зад себе имаше блескава сезона во академијата на Манчестер јунајтед.

Во сезоната која помина, Каи имаше неверојатни 56 гола и дури 28 асистенции во дресот на Црвените ѓаволи, што се бројки за кои зборува фудбалска Англија.

Интересно е дека во истиот тим на академијата на Манчестер беше и синот на Кристијано Роналдо, но тој немаше ни приближно добра статистика како Каи Руни. Сепак, факт е дека Роналдо јуниор во екипата се приклучи во февруари, па ќе биде интересно да се види како синовите на Руни и Роналдо ќе играат заедно следната сезона во академијата на Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести