Сами решија да ја сменат годината на формирање, па сега се најстариот клуб во светот

Англискиот клуб Кристал Палас реши да ја промени годината на формирање, па така стана најстар клуб во историјата на фудбалот. До сега стоеше дека Кристал Палас е формиран 1905 година, а од сега овој клуб е со година на формирање од 1861.

Во објаснувањето се потенцира дека Кристал палас својот прв меч го одиграл на 15 март 1862 година, кога биле поразени од Форест, а тоа воедно е и првиот меч меѓу двете екипи кои ја формирале фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Според ФА, за најстар клуб во светот, моментно се смета Нотс Каунти, а клубот од Нотингем е формиран 1862 година.

- Оглас -

Најнови вести