Во тенисот ќе се воведе ново правило

Новите правила во спортовите не се нешто што е чудно, па и во тенисот е најавено ново правило кое АТП ќе го стави на тест-период од 11 јули. Се работи за тоа играчите да можат да разговараат со своите тренери во текот на мечот и да добиваат совети.

Овој тест за новото правило ќе се испроба на последниот гренслем-турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД, како и на завршниот Мастерс во Торино.

На тренерите ќе им биде дозволено да комуницираат со играчите само под одредени услови. Тренерот мора да седи во своето место во боксот наменет за него. Комуникацијата може да биде вербална или невербална, но во ниту еден момент не смее да му попречи на противникот. Вербалната комуникација е дозволена само кога играчот е на страната на која се наоѓа неговиот бокс, додека невербалната комуникација е дозволена цело време. Доколку тенисерот од која било причина го напушти теренот, тренерот не смее да комуницира со него.

- Оглас -

Најнови вести