Баерн Минхен доведе 16-годишен мегаталент

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен покажа дека мисли и на иднината откако успеа да го доведе талентираниот тинејџер Ноел Асеко Нкили. Играчот за врска кој има само 16 години, доаѓа од екипата на Херта Берлин, а со Баерн потпиша договор до 2025 година.

„Ова е голем предизвик за мене и со нетрпение чекам да излезам на терен со моите нови соиграчи“, рече Нкили кој треба да игра за У-19 екипата на Баерн Минхен, со можност за деби и во резервниот тим на германскиот гигант.

Нкили е роден во Берлин, а неговите родители во Германија се дојдени од Екваторијална Гвинеја. Тој веќе има 11 меча за У17 репрезентацијата на Германија.

- Оглас -

Најнови вести