Тренерот на Баерн доби лекција и таа пристигна директно од Барселона

Пред само еден месец беше потврдено дека Барселона е клубот со најголем долг во светски рамки, но и покрај тоа каталонскиот гигант летово е еден од најактивните на трансфер пазарот. Роберт Левандовски и Рафиња се двете најголеми ѕвезди кои беа доведени, а ако се соберат парите дадени за сите нови играчи, сумата е преку 100 милиони евра.

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман неодамна јавно ја критикуваше работата на Барселона и толкуте потрошени пари.

„Тие се единствениот клуб без пари, а го купуваат секој играч што ќе посакаат. Немам врска како тоа им функционира. Малку е чудно и лудо“, рече Нагелсман.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта реши да му одговори на германскиот стратег.

„Би го замолил да си ја гледа својата работа. Ги добија парите што ги бараа за Левандовски. Ги почитувам сите и не им се мешам во нивниот начин на работење. Погрешно го проценил потенцијалот на Барселона. Тоа е незнаење и непознавање на нашиот клуб. Точно е дека бевме во лоша ситуација, но се извлековме од неа, а овој господин живее во минатото“, рече Лапорта како одговор на реакцијата на Нагелсман.

 

- Оглас -

Најнови вести