19.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Ракометните јунаци од Рига беа на прием кај претседателот Пендаровски, му подарија топка со потпис на сите репрезентативци (Фото)

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација заедно со претставниците на Ракометната Федерација на Македонија, денеска беа примени од Претседателот Стево Пендаровски кој им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб по освоеното прво место на ЕХФ шампионатот во Летонија.
Тоа значи дека избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ќе играат на кадетското Светско првентство идната година и на Европското првенство во 2024 година.
Претседателот Пендаровски изрази задоволство за успешната промоција на македонскиот спорт во интернационални рамки со одличниот успех и освоениот трофеј на EHF Европскиот шампионат за момчиња до 18 години кое што се одржа во Рига, Латвија.
Ракометарите му подарија топка со потписите на македонските репрезентативци на претседателот на Република Македонија.
- Оглас -

Најнови вести