1956 Коњаспор – Фенербахче (Суперлига, Турција 18.15 часот)
Тимот на Езџан Алиоски игра офанзивен и убав фудбал за гледање и засега тоа и му носи резултат на турскиот рекордер со 28 шампионски круни.
Фенербахче и со меч помалку убедливо е најефикасен тим на стартот од новото првенство и постигна дури 13 гола во три кола, или во просек по повеќе од четири по натпревар.
Гигантот го одигра одлично и двомечот за Лигата на Европа против Австрија Виена и се пласира во фазата по групи со убедлив вкупен резултат од 6:1.
Коњаспор доживеа неочекуван дебакл во квалификациите за Конференциската лига и испадна од швајцарскиот второлигаш Вадуз, тим кој оригинално е од Лихтенштајн, но игра во првенство на својот сосед.
Коњаспор има поинаков концепт на стартот од турското првенство и досега во 3 кола нема примено гол.
Време е за голеада што веќе е препознатлива за Фенербахче сезонава, а со некој погодок ќе помогнат и домаќините.
Предлог тип: 4+ (2.50)
1610 Ѓургарден – Елфсборг (Алсвенскан, Шведска, 19.10 часот)
Ѓургарден со пораз од АПОЕЛ ја заврши низата од 15 меча без неуспех, а и поразот од Кипраните не беше болен бидејќи шведскиот гигант успеа да се пласира во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.
Елфсборг не успеа и испадна од Молде, а е послабо пласиран од Ѓургарден и во домашното првенство.
Немаат победа на 10 меча по ред во сите конкуренции и натпреварувања, а интересно е што нанижаа дури четири ремија на последните четири меча во шведската Прва лига.
Ѓургарден е без пораз на 9 натпревари по ред во Алсвенскан, има подобар тим од Елфсборг и е во подобра форма и ќе победи за пробив на второто место.
Предлог тип: 1 (1.87) Супер тип на Sport Life
1309 Кадис – Атлетик Билбао (Ла Лига, Шпанија, 20 часот)
На пет од последните шест меѓусебни дуели, една од двете екипи, или Кадис или Атлетик, не постигнуваа гол.
Лани ја прекинаа серијата во ефикасен меч што заврши со победа на Баскијците на гостински терен со 3:2.
Кадис по две кола има два порази и е единствениот тим во Ла Лига што сè уште не постигнал погодок, а гостите од Билбао се единствениот состав со Вилјареал што не примиле погодок.
Атлетик има гол-разлика од 1:0 по две кола, а Кадис 0:3 исто така со два одиграни меча во Ла Лига, па личи дека ќе продолжи традицијата една од двете екипи да не даде гол во меѓусебните средби.
Предлог тип: НГ (1.69)
1959 Бешикташ – Сиваспор (Суперлига, Турција, 20.45 часот)
Бешикташ има амбиции да ја освои 22-рата шампионска круна во Турција и осетно се засили летово, а особено добар им е нападот со Вут Вегхорст и Деле Али.
Вегхорст сигурно ќе игра, а англискиот репрезентативец е незивесен, но можно е и тој да настапи.
Бешикташ преклани ја освои титулата и ќе сака пак да ја врати во витрините, а предност во исцрпувчката сезона, што ќе има прекин поради Мундијалот во Катар, ќе му биде што не игра во еврокуповите.
Сиваспор ќе се натпреварува во Конференциската лига на УЕФА, но во Турција почна скромно со две нерешени и пораз и само два бода на претпоследното место.
Бешикташ е фаворит за победа, но овде според нас, подобро е да се одигра на голови.
Предлог тип: 3+ (1.68)
1310 Валенсија – Атлетико Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 22 часот)
И двете екипи имаат идентичен старт на сезоната во Ла Лига со по една победа и пораз, а Атлетико е пред Валенсија на табелата благодарение на подобрата гол-разлика.
Сè останато во интересното ривалство на двата клуба е сосема различно. Атлетико има тим што може да конкурира за титулата во Шпанија, додека Валенсија е подолг период во голема криза и ги распродава најдобрите играчи.
И ова лето си замина Гуедеш и уште неколку играчи, па навивачите на Лилјаците се загрижени.
Ако Валенсија успее да го победи Атлетико, тоа ќе биде голем поттик за продолжението на сезоната, а и подвиг не е исклучен, барем според лудите натпревари во последно време меѓу овие две екипи.
Иако и Валенсија и Атлетико важат за екипи што играат цврст фудбал во меѓусебните дуели во последно време има многу голови, па тоа ќе биде и наш избор за новиот дуел меѓу Лилјаците и Јорганџиите.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.30) Квоти на денот на Sport Life