Шпанија е кошаркарска сила која доминира во Европа: Ново злато на ЕП за Црвената фурија

Шпанија е новиот европски првак во кошарка, откако во финалето на континенталниот турнир, Црвената фурија ја победија Франција со 88:76. Со оваа победа Шпанија само ја потврди доминацијата која ја има во изминативе 13 години, стигнувајќи до четвртиот златен медал на последните шест репрезентативни турнири.

Во финалето, Шпанија одигра одлично. Франција поведе само со 1:0, а потоа Шпанија ја превзема контролата на резултатот. За брзо време беше 14:5 за Шпанија, а потоа прв пат поведоа и со двоцифрена разлика од 18:7.

Во втората четвртина следуваше шоу на НБА играчот на Торонто репторс Хуан Ернангомез кој погоди шест тројки за само неколку минути и Црвената фурија во 17 минута за прв пат стигна и до предност над 20 поени разлика (47:26).

Дури тогаш се разбудија Французите и со серија од 11:0 на полувреме заминаа со пристојни 47:37. На почетокот на второто полувреме Франција се доближи и само на три негативa кога беше 49:46.

Тоа беше знак за повторно Шпанците да заиграат подобро ја со серија 12:2 стигнаа до 61:48, а во последните 10 минути влегоа со предност од 66:57.

Во последната четвртина Шпанија во ниту еден момент не им дозволи на противниците да се понадеваат дека може да направат пресврт.

Хуан Хернангонез беше најпрецизен во финалето со 27 поени (погоди седум тројки од девет обиди), а Вили Хернангомез заврши со 14 поени. Кај Франција најефикасен беш Фурние со 23 поени.

Во меч за третото место Германија ја победи Полска.

- Оглас -

Најнови вести