Кога играат Португалија и Шпанија, познато е кој фикс е најреален

6116 Албанија – Исланд (20:45 ч.)

Меч кој нема големо значење затоа што Израел е сигурно прв, а Албанија и Исланд не може да испаднат од Сегментот Б. Ова е дуел на две селекции кои реално немаат многу напаѓачки афинитети, па тешко да се очекуваат многу голови.

Албанија дома нема да сака да ги разочара своите фанови, па тие се во улога на фаворити.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.01)

 

6721 Швајцарија – Чешка (20:45 ч.)

Дуел кој треба да ја даде селекцијата која ќе испадне од Сегментот А. Швајцарија игра дома, но има и два бода повеќе од Чешка, што значи дека гостите се тие кои мора да бркаат триумф ако сакаат да останат во елитата.

Двете екипи имаат слаба дефанзива, што треба да е најава за повеќе погодоци. На четири од последните пет меѓусебни дуели било 3+, а Чешка пред четири месеци дома се радуваше со 2:1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.09)

 

6720 Португалија – Шпанија (20:45 ч.)

Португалија треба да освои барем еден бод на свој терен за да ја задржи челната позиција и на крајот од Лигата на нациите. Шпанија направи голем кикс пред четири дена, кога дома загуби од Швајцарија и сега мора да брка триумф на стадионот во Брага.

Малку е необично, но последните пет средби на соседите завршиле нерешено, а дури четири биле со 0-2 гола. Последен пат кога една од овие две селекции се радувала било во 2010 година, кога Португалија победи со 4:0.

Предлог тип: Х (3.20)

 

6113 Норвешка – Србија (20:45 ч.)

Дуел кој директно решава за првото место во групата. Двата тима имаат по 10 бода, но Норвешка и со реми ќе биде прва затоа што на гости во Белград славеше со 1:0, што значи дека со евентуално реми денес, ќе биде подобра во меѓусебниот биланс.

Ерлинг Халанд е главен адут за Норвешка, додека Александар Митровиќ нема да игра за Србија, што е голем хендикеп за гостите. Сепак, ова е меч на кој нема да има многу калкулации, па може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

6115 Украина – Шкотска (20:45 ч.)

Се игра на неутрален терен, а Украина мора да победи ако сака да заврши како лидер пред Шкотска на крајот од оваа група. Само пред една недела, Шкотска убедливо со 3:0 ја победи Украина, па сега можеби е ред Украинците да се реваншираат.

Шкотска игра отворен фудбал, па не случајно во последните 10 средби на оваа селекција имало вкупно 30 гола, односно просек три по меч.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести