7.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Реал Мадрид ќе почне со победа, но Баерн Минхен тешко дека ќе слави дома

Најдобрите 18 клубови во Европа денеска стартуваат во новата кошаркарска сезона во Евролигата. Анадолу Ефес е клубот кој доминира во последните две сезони и е на тронот на Стариот Континент, а во новата сезона ќе стартува утре, на домашен терен против Црвена ѕвезда.

Вечерва се играат пет меча, а најнеизвесно се очекува да биде во Минхен, каде што Баерн е домаќин на Фенербахче. Европскиот вицепрвак Реал Мадрид гостува кај Панатинаикос и Кралевите се фаворити, а на гости се очекува да слави и Милано во Франција кај АСВЕЛ.

Освен понудата за мечевите од Евролига, може да одиграте и на „плус-минус“ поени на кошаркарите. Дури 44-рица играчи има во денешната понуда, па едноставно одлична е можноста за добитен тикет за кошаркарските стручњаци.

- Оглас -

Најнови вести