Игра Италија, но не како дел од Мундијалот

6878 Малта – Ирска (20 ч.)

Малта е селекција која е во подем, што потврдуваат со ремито против Грција (2:2) и победата над Израел (2:1). Сепак, кога се работи за дуелите против Ирска, Малта во шест средби има исто толку порази, што е  уште еден мотив повеќе за сега да се обидат да останат непоразени.

Ирска игра отворен фудбал со многу погодоци, па фактот дека и ова е контролен меч, треба да биде најава за голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.70)

 

6726 Австрија – Италија (20:45 ч.)

Австриците имаат неверојатен пад во формата, па не чуди што само еднаш се радуваа на последните шест средби и тоа против Андора минимално со 1:0.

Италија веќе ја прифати реалноста дека нема да игра на Мундијалот, па сега создава тим што ќе може да помине успешно во квалификациите за ЕП 2024 година, а потоа и да го бранат континенталниот трон.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.02)

 

6702 Катар – Еквадор (17 ч.)

Меч со кој стартува Светското првенство, а домаќинот Катар го игра првиот меч во историјата на Мудијалите. Неколку години траеја подготовките на Катар за оваа средба и сега тие се убедени дека нема да загубат.

И традицијата вели дека домаќинот на Мундијалот не губи на првиот дуел. Еквадор е солидна селекција, а сигурно на двете екипи примарна цел ќе им биде да ја сочуваат својата мрежа. Во една таква ситуација можно е и само еден потег да биде решавачки околу победникот.

Предлог тип: 0-1 гол (2.65)

 

6727 Молдавија – Романија (19:30 ч.)

Три победи и едно реми без ниту еден пораз има Романија во досегашните средби против овој ривал. На три од тие четири дуели имало меѓу два и три погодоци, па ако се следи оваа традиција, треба да биде возбудливо и вечерва.

Гостите се фаворити за победа, а Молдавија ќе се обиде да покаже дека има квалитет да се спротистави.

Предлог тип: 1-3I& 1-3II (2.00)

 

2866 Естрела – Бенфика (20 ч.)

Меч од првото коло од групната фаза во Лига Купот на Португалија. Бенфика е апсолутен фаворит и не смее да дозволи луксуз да не се радува. Минатта година играа во Купот и Бенфика на гости славеше лесно со 4:0, па и сега треба да има сличен епилог.

Предлог тип: 2&3+ (1.64)

- Оглас -

Најнови вести