Аргентина, Франција и Данска се сигурици, за Мексико и Полска и „нулата“ е добра

6704 Аргентина – Саудиска Арабија (Светско првенство, 11 часот) 

Аргентинците одат на титула и имаат поткрепа, и тоа одлична со квалитетот.

Лео Меси ги загрижува Гаучосите со проблемот со глуждот, но ќе игра и Аргентина не би требало да има проблеми со Саудиска Арабија.

Аргентинците непосредно пред стартот на Мундијалот, со 5:0 ги декласираа Обединетите Арапски Емирати, селекција слична на Саудиска Арабија, па и денеска ќе немаат проблеми убедливо да слават и да го почнат походот кон третата светска круна со убав триумф.

Посебен мотив за победа на еден од фаворитите на шампионатот е и податокот дека ќе го израмнат и светскиот рекорд на Италија со серија од 37 натпревари без пораз.

Аѕурите тоа го сторија од октомври 2018 до октомври 2021 година, а Аргентина е непоразена од мај 2019 година со феноменална низа од 36 натпревари.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.15)

 

6705 Данска – Тунис (Светско првенство, 14 часот)

Данска и Тунис ќе играат меѓу себе по пауза од 20 години, а овој меч е многу поважен од единствениот нивен досега во мај 2002, кога беше 2:1 за селекцијата од Европа.

Данска е фаворит и според нас има подобра репрезентација од Тунис и подобри индивидуалци.

На последниот меч што го одиграа пред настапот на Мундијалот, го победија светскиот првак Франција со 2:0, што е потврда за квалитет.

Викинзите играа добро и на Европското првенство и со право очекуваат да ја минат првата фаза и на Мундијалот во Катар.

Тунис го игра шестото Светско првенство како самостојна држава и никогаш не ја минале фазата по групи, а се чини дека сега го имаат и најслабиот состав во историјата на настапите на Мундијалите.

Предлог: 1 (1.60)

 

6706 Мексико – Полска (Светско првенство, 17 часот)

Иако им е прв меч на Мундијалот во Катар, и за Мексико и за Полска ова може да биде клучен дуел за плсман во нокаут-фазата во група уште со Аргентина и Саудиска Арабија.

Претпоставката е дека и двете селекции си калкулираат сигурна победа против Саудиска Арабија и пораз со Аргентинците, па триумф денеска ќе им значи сигурен настап во нокаут-фазата.

Тоа е само пресметка на хартија, иако е најреална варијанта што покажува дека денешниот дуел може да биде клучен за расплетот во Ц групата.

Полска и Мексико на Мундијалите играле само еден меч меѓу себе, во 1978 година, a европската селекција предводена од легендите Боњек, Лато, Дејна, Жмуда, Касперчак… го победи Мексико предводен од Уго Санчес со 3:1 и се пласира во втората фаза на Мундијалот во Аргентина.

Тоа е и единствената победа на Полска во меѓусебните дуели, една има и Мексико, а двапати овие селекции одиграа нерешено 1:1, што е резултат и конечен исход што, според нас, и денеска е некако најреален.

Предлог тип: Х (3.05)

 

6707 Франција – Австралија (Светско првенство, 20 часот)

Актуелниот светски првак и покрај огромните кадровски проблеми, тој е голем фаворит против Кенгурите, кои се далеку од светската елита.

Триколорите ќе мора да тргнат во одбрана на титулата без Бензема, Погба, Нкунку, Канте, Кимпембе…

И покрај сериозните проблеми, Франција има огромен квалитет и играчи, па и со актуелниот состав што допатува во Катар, а го предводи Килијан Мбапе, е фаворит за нов пехар на СП.

Австралија нема фудбалери од калибарот на светски ѕвезди и главен адут ќе им биде тимскиот дух.

Против Франција очекувано сценарио е да се бранат и да се обидат со дисциплина и на контри да изненадат, но типуваме дека нема да им успее.

Предлог тип: 1&0-3 гола (2.07)

 

8453 Барселона – Партизан (Евролига, кошарка, 20.45 часот)

По долг период ќе се игра старото добро европско дерби меѓу две екипи што ја имаат титулата европски првак.

Барселона е фаворит, а Партизан сака да ја изненади во сезоната во која направи камбек во елитната Евролига.

И двете екипи се ефикасни и даваат и примаат доста кошеви, па во таков мод очекуваме да бидат и вечерва.

Иако најтрофејниот тренер на Стариот Континент, Жељко Обрадовиќ инсистира на цврста одбрана, овој тим на Партизан е проектиран за ултраофанзивна кошарка.
Пантер, Нанели, Ексум, Ледеј и останатите клучни играчи на белграѓани се класични офанзивци по вокација и тоа не може да се смени преку ноќ.

Барселона речиси секогаш низ историјата ја красел офанзивниот стил на игра и типуваме дека ќе се игра нов атрактивен меч меѓу два гиганти со многу поени.

Предлог тип: >160.5 поени (1.88)

 

- Оглас -

Најнови вести