Лукаку и Азар се резерви кај Белгија, Хрватите не го менуваат победничкиот состав (Фото)

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинес, направи неколку измени во стартниот состав на својата репрезентација за клучниот дуел против Хрватска и на клупата ги остави двете ѕвезди Ромелу Лукаку и Еден Азар.

Белгија од 16 часот мора да ја победи Хрватска за да игра во нокаут-фазата, но и актуелните вицешампиони на светот си имаат свои сметки.

Селекторот Златко Далиќ остана при избор на тимот што ја победи Канада со 4:1 во претходното коло и нападот ќе го предводат Ливаја и Крамариќ, а тука се и искусните Перишиќ, Модриќ, Брозовиќ…

Во терминот од 16 часот ќе се игра и дуелот меѓу Канада и Мароко, а еве ги составите и за тој меч.

Хрватска има 4 бода, колку и Мароко, Белгија го почнува последното коло со 3 бода, а Канада е испадната и е без бодови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести