ПСЖ за Рашфорд подготвува неверојатна понуда

Патот на Англија на Светското првенство во Катар заврши во четвртфиналето, а Маркус Рашфорд беше еден од најдобрите во таборот на Гордиот албион. Напаѓачот на Манчестер јунајтед постигна три гола, а секако оваа бројка можеше да биде поголема доколку тој ја добиеше довербата да ги шутира пеналите за кои задолжен беше Хари Кејн.

По враќањето на Рашфорд во Англија, веднаш започнаа шпекулации дека е можно во скоро време да си замине од Манчестер јунајтед и да замине во некој друг клуб. Најавите се дека Пари Сен Жермен Баерн Минхен и Бетис сакаат да го видат во своите редови, а најмногу фама се крена околу можното доаѓање во Париз.

Неколку англиски медиуми пишуваат дека ПСЖ може да му даде неделна плата од 850.000 евра на Рашфорд, што е неверојатно, но кога се работи за катарските газди, ништо не е невозможно.

- Оглас -

Најнови вести