АЕК и Тричковски се наоѓаат во одлична форма и се фаворити во кипарското дерби

1563 Флинт таун – ТНС (20.45 часот)

Светците од Велс доминираат во домашниот шампионат. Речиси е половина од сезонава, а ТНС има неверојатен учинок од 13 победи и само две ремија во првите 15 кола и има неверојатна гол-разлика 52:5. Поради тоа не чуди податокот дека ТНС е фаворит на вечерашниот дуел, во кој му гостува на Флинт, кој пак се наоѓа во долниот дел од табелата само со 16 бода. Флинт во последното коло ја прекина серијата од пет порази по ред играјќи нерешено против Кардиф. На последните два меѓусебни натпревари, од кои еден се одигра пред три месеци, ТНС оствари две убедливи победи од 6:2 и 7:0.

Предлог тип: 2-2 & 2+ II (2.55)

 

1311 Тенерифе – Андора (21.00 часот)

Иако Андора се наоѓа шест позиции повикоко на табелата, Тенерифе игра одлично на домашен терен и во десет натпревари оствари пет победи и има гол-разлика 12:7 пред своите гледачи.

Згора на тоа, Тенерифе во последните две кола оствари победа и реми и во одлично расположение го чека првиот дуел во историјата против Андора. И двете екипи играат тврд фудбал со малку голови, посебно тоа се однесува за Андора, која во 20 кола има гол-разлика од 21:16 и поради тоа не се очекуваат многу голови ниту вечерва.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.87)

 

2848 Порто – Визела (21.30 часот)

Португалскиот шампион Порто е апсолутен фаворит во натпреварот од третото коло во Лига купот против Визела. Порто со изненадувачко реми од 2:2 против второлигашот Мафра ги започна настапите во Лига купот, но се поправи во второто коло, кога го совлада Чавез и вечерва оди на нова победа за да се зацементира на првото место во групата А. Сезонава Порто славеше како гостин со 0:1 во меѓусебниот дуел, а во единствениот натпревар што досега го одиграл на домашен терен, победи со убедливи 4:0.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.00)

 

1583 АЕК Ларнака – Омонија (18.00 часот)

Тимот за кој настапува сега веќе поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, АЕК Ларнака, се наоѓа во неверојатна форма и во дербито на 15-тото коло од кипарскиот шампионат против Омонија ќе ја има фаворитската улога.

АЕК победи на последните пет натпревари во првенството и дојде само на два бода заостанување во однос на лидерот на табелата, АПОЕЛ и сигурно е дека играчите денеска ќе сторат сè за ја забележат шестата победа во низа. Во сите пет победи беа постигнати најмногу три гола.
Во првиот натпревар сезонава, Омонија славеше со 3:2, но АЕК на последниот меѓусебен дуел на домашен терен победи со 2:1.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)

 

1649 Телстар – МВВ (20.00 часот)

Дуелот меѓу Телстар и МВВ е еден од поинтересните во 18-тото коло во холандската втора лига. Дуелите од второто по квалитет натпреварување во Холандија се гаранција за голови, па веруваме дека и вечерва екипите ќе останат доследни на традицијата. Телстар се наоѓа на средина на табелата со гол-разлика 16:23, додека МВВ е третопласиран и игра поефикасно (31:24). Гостите ќе се обидат да дојдат до триумфот и да го задржат чекорот со водечките две екипи на табелата, а во последните пет меѓусебни натпревари, само на еден немало три или повеќе голови.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.90)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести