19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Топчиите распалија и во новогодишната вечер, со седум бода залиха пред Сити влегуваат во 2023 година (Видео)

Арсенал продолжува со победи во Премиер лигата. Топчиите славеа на гости кај Брајтон и по 16 кола имаат 14 победи, само едно реми и еден пораз, па со 43 бодови е убедлив лидер на табелата. Сити е втор со 36 бодови, а Њукасл како трет има 34 бодови.

Лидерот поведе по само 66 секунди игра, кога Букајо Сака погоди за 1:0. Ова е најбрз погодок за Топчиите во Премиерлигата во последните девет и пол години.

Брајтон имаше поголем посед на топка, но гостите беа поопасни во нападите. Арсенал го зголеми водството на 2:0 во 9 минута кога погоди капитенот Одегард.

Во второто полувреме имаше вистинска голеада. Арсенал поведе со 3:0, домаќините погодоја за 3:1, а Мартинели зголеми на 4:1. До крајот на средбата, Брајтон даде уште еден гол за 2:4.

- Оглас -

Најнови вести