Адетокумбо израмни рекорд стар 50 години во НБА

Јанис Адетокумбо продолжува со фантастичните игри во НБА. Ѕвездата на Милвоки имаше трипл-дабл од 30 поени, 21 скок и 10 асистенции во победата на Милвоки на гости кај Торонто со 104:101.

Најкорисниот кошаркар во НБА во 2019 и 2020 година стана само седмиот кошаркар во последните 40 години што еден меч завршил со трипл-дабл, а на крајот имал барем 30 поени, 20 скока и 10 асистенции. Ако се погледне учинокот на Јанис во претходните пет меча, вкупно тој е со скор од 200+ поени, 80+ скока и 30+ асистенции. Ваков биланс последен пат имал легендарниот Карим Абдул Џабар во далечната 1972 година.

Милвоки водеше со 90:69 на помалку од четири минути до крајот, но Торонто со невероатна игра успеа да надополни дури 21 поен заостанување и на крајот стигна до 97:97, па мораше да се играат дополнителни пет минути. Во тој период Милвоки сепак успеа да се врати и не дозволи да загуби.

Резултати: Шарлот – Мемфис 107:131, Кливленд – Феникс 90:88, Орландо – Оклахома 126:115, Филаделфија – Индијана 129:126 по продолжение, Њујорк – Сан Антонио 117:114, Торонто – Милвоки 101:104 по продолжение, Чикаго – Бруклин 121:112, Минесота – Портланд 113:106, Њу Орлеанс – Хјустон 119:108, Голден стејт – Детроит 119:122, ЛА лејкерс – Мајами 112:109, Сакраменто – Атланта 117:120.

- Оглас -

Најнови вести