Четириесет автомобили на тревникот: Узбекистанците ја добија наградата за пласманот на СП (Фото)

Репрезентацијата на Узбекистан ќе дебитира на Светските првенства откако завршија како втори во групата од азиските квалификации. Претседателот на земјата по мечот против ОАЕ (0-0) им вети автомобили на сите репрезентативци и на членовите на стручниот штаб, а тоа го исполни по мечот против Катар (3-0), кога на тревникот беа изведени 40 електрични автомобили, а клучевите од нив им беа поделени на сите поединечно.

Претседателот на Узбекистан додели 33 автомобили и во 2023 година, кога репрезентацијата на оваа земја за фудбалери до 20 години го освои Азиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести