Кога ќе му се „спојат жиците“, не знае да сопре, искрши три рекети (Видео)

Александер Бублик се прослави како тенисер со „краток фитил“ и многу нестабилно однесување на теренот. Казахстанскиот тенисер имаше ново шоу на дуелот против Грегори Барера и не можеше да го контролира бесот.

Се играше тај-брејк во решавачкиот трет сет, а таму доминираше Барера и водеше со 6:0, што значи дека му требаше само уште еден поен за да стигне до триумф. Во тој момент „се запали“ Бублик и почна да го крши рекетот, а тука не застана.

Потоа дојде до своето место за одмор, каде што стоеја уште неколку рекети. Шоуто на Бублик продолжи со кршење на вториот и третиот рекет, а дури потоа сопре. Секако, казахстанскиот тенисер го загуби овој меч.

https://twitter.com/i/status/1623394354529460224

- Оглас -

Најнови вести