Пет меча од пет различни лиги со интересни комбинации

1001 Фулам – Вулверхемптон (21 ч.)

Фулам е тимот кој сезонава игра изненадувачки добро, па дури може да се вмеша и во места кои водат кон излез во Европа. Интересна е традицијата на овие два тима.

На последните четири меѓусебни дуели немало повеќе од еден гол, а во претходните три средби максимум имало два погодока, што само најавува тврд и неизвесен меч кој може да биде решен со еден потег.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.30)

 

1801 Мајнц – Борусија Менхенгладбах (20:30 ч.)

Потполно израмнет е билансот на овие два тима, па имаат по 29 бода со еднаков број победи, порази и нерешени резултати. На шест од последните седум меѓусебни дуели, двата тима постигнале барем по еден гол, односно било ГГ.

Мајнц не е многу убедлив дома, па сигурно гостите ќе се обидат да донесат некој бод плус на своето конто, но најсигурно е да се игра на голови.

Предлог тип: ГГ3+ (1.95)

 

1301 Елче – Бетис (21 ч.)

Елче е „закован“ на дното на табелата во Шпанија само со девет бода од 22 меча, па јасно е дека Бетис е фаворит за победа. Бетис сезонава на гости има пет победи во 11 средби, па сигурно дека и овојпат ќе брка три бода, кај „фенерџијата“.

Во последниве две и пол години овие клубови играле пет пати, а Бетис има три победи и сите трипати со по три постигнати гола. Елче се радувал еднаш, а еден меч завршил нерешено.

Предлог тип: 2 (1.97)

 

1655 Варегем – Кортријк (20:45 ч.)

Две екипи на кои мисијата им е да не испаднат од белгиското првенство. Варегем е тимот со најслаба одбрана во лигата (54 промени гола во 26 средби), а и Кортријк не е многу подобар и неговата мрежа досега се тресела 47 пати.

Во последните 10 меѓусебни дуели на овие клубови имало вкупно 41 гол, што е просек повеќе од четири гола на меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1640 Хераклес – Телстар (20 ч.)

Дуел од втората холандска лига, и тоа меѓу Хераклес, кој е најефикасен (66 гола во 25 меча) и Телстар, кој го има вториот најнеефикасен напад само со 26 дадени погодоци.

Хераклес е втор на табелата и негова цел е пласман во елитата за следната сезона, па кога игра на домашен терен, јасно е дека ќе брка победи, посебно ако се знае дека во 12 средби сезонава има дури девет триумфи.

Предлог тип: 1&3+ (2.19)

- Оглас -

Најнови вести