Сигурни типа има за двата меча од Прва лига, Шкупи и Работнички се фаворити, иако не играат на свој терен

Фудбалските возбудувања во Македонија денеска стартуваат во 14 часот, со два меча од Прва лига и седум средби од Втора лига.

Интересно е дека на двата прволигашки дуели, екипите кои се домаќини нема да играат на свој терен. Шкупи кој уште ја издржува казната по инцидентот со Шкендија е домаќин во Кичево против Скопје, додека Работнички на стадионот во велес ќе го пречека тимот на Скопје.

Според квотите во Sport Life, без разлика на тоа што не играат на свој терен, Шкупи и Работнички се фаворити за победи. Кога играат Работнички и Скопје, на девет од 11 меча немало повеќе од два гола.

Шкупи и Академија Пандев во последниве две години играле пет пати и тимот од Чаир секогаш победувал.

Во Втората лига голема е битката за првото место, каде Вардар, Воска и Гостивар имаат по 40 бодови. Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари е домаќин на Детонит Плачковица, Воска ја пречекува Саса Каменица, а Гостивар е фаворит против Беса. Во останатите мечеви ќе играат: Беласица – Караорман, Кожуф – Охрид, Пелистер – Арсими и Тетекс – Борец.

- Оглас -

Најнови вести