Лудница станува битката за место во Премиер лигата: Голманот даде гол во 95-тата минута (Видео)

Барнли е екипата која е лидер во Чемпионшип и веќе обезбеди место во Премиер лигата за следната сезона. Пред промоција е и тимот на Шефилд јунајтед, додека за третото место кое се решава преку плејоф-дуели борбата е неверојатна.

Екипите кои се од третото до шестото место на табелата ќе разигруваат за едно место во Премиер лигата. Голема е битката и околу тоа кои ќе бидат екипите за место во плејофот. Милвол, кој е на петтото место, има 65 бода, додека Престон, кој е на 11-тата позиција, заостанува само три бода, што значи дека дури седум екипи имаат шанси за влез во плејофот.

Синоќа се одигра дерби меѓу Блекбурн и Ковентри. Блекбурн е шести со 64 бода, а Ковентри има еден бод помалку откако нивниот последен меч заврши 1:1. Блекбурн водеше со 1:0 сè до 95-тата минута. Беше досуден корнер за гостите, а пред противничкиот гол дојде голманот на гостите, Бен Вилсон.

Тој најдобро се снајде во мешаницата и успеа некако да ја протне топката во голот на Блекбурн за израмнување 1:1.

https://twitter.com/i/status/1648793792873480194

По овој погодок на голманот, на трибината каде што беа гостинските фанови се случи вистинско лудило. Навивачите знаат дека овој погодок може многу да значи во трката за место во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести