Интересни се денешните пет предлози во Квотите на денот, кои ако ги одиграте заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 43.95.
Севиља е домаќин на Еспањол и не треба да загуби во дуел на кој се очекува да има од два до четири погодоци. За оваа комбинација 1Х&2-4 гола, квотата е 1.90.
Наполи гостува кај Удинезе и потребно е да освои само еден бод за да стигне до Скудетото, кое го чека 33 години. Затоа се очекува офанзивна игра на гостите, од кои се очекува да постигнат барем еден погодок во првиот дел, а на крајот да има најмалку два погодока во мрежата на Удинезе. За ваква комбинација, квотата е 2.41.
Брајтон и Манчестер јунајтед ќе одиграат меч со погодоци и тоа во двете полувремиња, но не смее да има повеќе од три. За популарната игра 1-3 I & 1-3 II коефициентот е 1.90.
Порто е апсолутен фаворит против Фамаликао, па играта 1-1&2+ што носи коефициент 2.15 треба да е добитна за овој натпревар.
Кога игра на свој терен, Атлетик Билбао секогаш смета на освојување бодови. Така треба да биде и овојпат, иако на гости им доаѓа Бетис. Атлетик да не загуби во дуел на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок, носи квота од 2.35.