Ричков: Доколку одиграме како тим, верувам дека може да победиме

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денеска ќе го одработи последниот тренинг пред утрешниот прв контролен натпревар против врсниците од Ерменија. Контролниот дуел против Ерменија ќе биде одигран на тренинг-центарот „Петар Милошевски” во Скопје, со почеток од 17 часот.

Левиот бек на Шкупи и еден од најперспективните млади играчи во Македонија, Марио Ричков, очекува квалитетни средби против Ерменија, а потоа и против Малта.

„Очекувам да се прикажеме во добро светло на следните два контролни натпревари против Ерменија и Малта и да оствариме позитивен резултат. Оваа селекција покажа голем квалитет и желба за победа на  меѓународниот турнир што го одигравме во Анталија, Турција. Одигравме одлично против Словачка и Финска, докажавме дека можеме да се надигруваме со две многу квалитетни репрезентации. Доколку одиграме сите заедно како тим, во ист ритам, со голема желба и пожртвуваност, верувам дека ќе дојдеме до позитивен резултат на мечевите со Ерменија и Малта, а тоа е победа. Не смее никој да потцениме, денешниот фудбал е многу променет и напреднат, нема лоши репрезентации. Денеска и најслаборангираните селекции можат да изненадат, да одиграат добро, затоа мораме да бидеме многу претпазливи во квалификациите што ни следат. Доколку одиграме максимално сконцентрирано и посветено и ги исполниме задачите кои од нас ги бара селекторот заедно со неговиот стручен тим, верувам дека би можеле да ја израдуваме цела Македонија успевајќи да обезбедиме пласман на следното Европско првенство. Нема да биде лесно во квалификациите, имаме тешка група, но нема да се откажеме, ќе дадеме сè од себе, ќе оставиме срце на терен за остварување на успех и позитивен резултат“, вели Ричков, кој додава дека атмосферата на националниот тим е одлична и сите во составот одлично го прифатиле.

По утрешниот дуел против Ерменија, младата репрезентација на Македонија ја очекува уште еден контролен дуел со селекцијата на Малта на 20 јуни.

- Оглас -

Најнови вести