14.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Треба да има голови, еден меч е сигурна „двојка“

2607 Дјургарден – Малме (19 ч.)

Дерби на колото во шведското првенство. Малме со победа ќе се искачи на чело на табелата. Тоа е тим кој има пет победи во шест меча на гости сезонава, но факт е дека Дјургарден е најдобар домаќин со седум победи и едно реми во осум дуели пред своите навивачи.

Кога играат овие два тима, головите и возбудувањата не изостануваат, па на четири од последните седум средби имало барем 4+ погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.00)

 

2628 Оребро – Трелеборг (19 ч.)

Две екипи кои се во долниот дел од табелата во првенството на Шведска. Оребро дома има дури четири нерешени во седум меча, а Трелеборг на гости е со само една победа во шест дуели. Традицијата покажува дека голгетерски се расположени, па последните седум дуели имало 23 погодоци, односно над три гола по меч во просек.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

2847 Динамо Букурешт – Универзитатеа Крајова (20:30 ч.)

Започна првенството во Романија, а Динамо Букурешт е повратник во елитното друштво. Универзитатеа Крајова минатата сезона заврши на четвртото место, а на страна на овој тим е и традицијата во дуелите со Динамо Букурешт. Тимот од Крајова има шест победи по ред против овој ривал, а последните две беа со резултати 6:1 и 5:0.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

2705 Интер Турку – Купс (17 ч.)

Интер Турку е во лоша форма и има само една победа во последните шест меча, но и Купс е во мини криза затоа што овој тим загуби три пати во последните четири дуели. Традицијата вели дека овие два тима немаат одиграно нерешено ниту еднаш во последните 11 меѓусебни дуели.

Купс и сезонава има само едно реми во 16 кола, што значи дека игра без многу калкулации, но токму овој дуел може да биде неизвесен и да заврши без победник.

Предлог тип:  Х (3.30)

 

1290 Стјарнан – Валур (21:15 ч.)

Домаќинот е тим за кој најважно ќе биде да опстане во елитното друштво во Исланд. Валур е втор на табелата и тим кој има одличен напад и солидна одбрана. На гости Валур сезонава има шест победи и еден пораз и во просек постигнува над три погодоци.

Во изминативе 12 месеци овие екипи играле три пати и Валур три пати победувал и тоа со 3:2, 3:0 и 6:1, па и сега може да очекуваме да има многу погодоци.

Предлог тип: Т2 1+I& T2 1+II (2.50)

- Оглас -

Најнови вести