Пет интересни дуели од европските лиги се дел од Kвоти на ден, кои доколку ги одиграте заедно на еден тикет ќе добиете одличен вкупен коефициент од 54.77.
Интер Турку е домаќин на Купс, а ова е средба на која треба да се очекуваат погодоци на двете страни. Играта ГГ& 1+I&1+II носи одлична квота од 2.50.
Дјургарден е домаќин на Малме, а тука вреди да се одигра популарната игра да има од еден до три погодоци во двете полувремиња, што носи коефициент од 1.90.
АИК гостува кај Варбергс и е голем фаворит. Комбинацијата за АИК да постигне барем еден гол во првото полувреме, а на крајот да има 2+ погодоци носи коефициент од 2.50.
Динамо Букурешт и Универзитатеа Крајова играат во првото коло од романското првенство, а тука гостите не треба да загубат во меч на кој ќе има погодоци на двете страни. Оваа игра носи квота од 2.25.
Во Исланд, Стјарнан е домаќин на Валур и се очекуваат погодоци во двете полувремиња. Комбинацијата 1+I&2+II носи квота од 2.05.


