Најдобрите 32 клуба кои се изборија да бидат дел до групната фаза во Лигата на шампионите вчера ги дознаа своите противници во групната фаза. По дознавањето на групите, светските обложувалници веќе пресметаа какви се шансите да стигнат до европскиот трон.
Актуелниот европски првак Манчестер сити повторно е во улога на најголем фаворит за освојување на најважниот клупски трофеј во Европа. Прогнозирте се дека Сити има над 30 отсто шанси повторно да биде првак на Европа.
По Сити, следуваат Баерн Минхен со 15,4 отсто, Реал Мадрид со 11,1 отсто, Арсенал 7,7 отсто, Барселона и ПСЖ со по 5,9 отсто. Во Топ 10 како главни фаворити за освојување на трофејот во ЛШ се и ПСЖ, Манчестер јунајтед, Њукасл јунајтед, Наполи и Атлетико Мадрид.
Комплетните осум групи во Лигата на шампионите може да ги видите ТУКА. Најдобрите од секоја група одат во нокаут-фазата.


