Два денешни меча од Втора фудбалска лига на Македонија и еден утрешен дуел од Прва лига, се дел од понудата во Sport Life, а според коефициентите може да очекуваме радост на домашните екипи.
Денеска се игра четвртото коло во Втора лига, каде одлично игра Пелистер. Битолчани се перфектни со девет бода и гол разлија од девет дадени и ниту еден примен гол, а денеска на свој терен играат против Детонит јуниор, кој исто така е со максимални девет бода од првите три кола.
Вториот меч од Втора лига е меѓу Скопје и Караорман. Скопје кој минатата сезона играше во Прва лига, очајно стартуваше и има само еден бод и дури девет примени гола во првите три кола. Караорман е ривал по мерка и добра шанса за скопјани да стигнат до првиот триумф сезонава.
Актуелниот првак Струга ТЛ, утре ќе биде домаќин на Тиквеш и се очекуваат лесни три бода за тимот кој игра покрај Охридското езеро.