Македонската фудбалска репрезентација во позитивно расположение ќе се собере за претстојните два меча кои ќе ги игра овој месец. Македонија во септември одигра два одлични дуела откако прво дома одигравме 1:1 против актуелниот европски првак Италија, а потоа на гости со 2:0 ја победивме Малта.
Сега нашата селекција најпрво ќе игра на гости против Украина на 14 октомври во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година (на неутрален терен во Прага), а три дена подоцна следува пријателскиот меч против Ерменија, кој ќе се игра во Струмица.
Селекторот Благоја Милевски го откри составот од 25-мина фудбалери кои се повикани за овие два меча, а меѓу повиканите се: