Валенсија пристигна на „Бенито Вилјамарин“ за да дојде пак за финале

Натпреварите во националните купови доминираат во денешната фудбалска понуда во обложувалниците на Sport Life, а како што е стандардно редот, ќе ви поунудиме анализа со пет предлог-типови за четврток. На менито се дуели од шпанскиот, францускиот, грчкиот и турскиот куп и еден дуел од Серија А.

Акхисарспор – Касимпаша (18.30 часот)

Касимпаша игра многу подобро од домаќинот во турското првенство, но натпреварите во Турскиот куп ѝ лежат на екипата на Акхисарспор. Лани ја освоија историската титула во најмасовното натпреварување, и тоа со победи против гигантите Галатасарај во полуфиналето и против Фенербахче во мечот за пехарот.

За првпат играа и во Лигата на Европа, но тоа како да си го зеде данокот, па моментно во турското првенство се последни. Касимпаша го доби првенствениот дуел сезонава со 5-0 на домашен терен и е фаворит, но треба да се внимава на ланското чудо во Купот, тимот на Акхисарспор.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.98)

 

Атромитос – АЕК (18.30 часот)

Учесникот во Лигата на шампионите, АЕК влета во неочекувана криза и го смени тренерот Маринос Узунидис по ремито со големиот ривал ПАОК.

Сега Маноло Хименес ќе треба набрзина да ја врати победничката атмосфера кај грчкиот шампион, а почетокот за него е на незгодното гостување во Перистери кај Атромитос.

АЕК нема победено во локалното мини-дерби како гостин против Атромитос од 2017 година, а го загуби и мечот од актуелната сеозна, и тоа како домаќин со 0-2 од денешнито ривал.

Двете екипи се една до друга на табелата во грчкото првенство, а денеска почнува и двомечот во четврт-финалето на Грчкиот куп, во кој нема изразит фаворит.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.00)

 

Лацио – Емполи (20.30 часот)

Двете екипи имаат различни цели и амбииции, а фаворитот се знае. Лацио е во „мртва трка“ со Интер, Милан, Рома и Аталанта за позициите кои водат во Лигата на шампионите и никако не смее да си дозволи кикс вечерва.

Емполи е во сосема спротивна ситуација и е во битка да го избегне најлошото, испаѓањето од Серија А. Гостите немаат победа на 7 меча по ред во Калчото и се доведоа во незавидна позиција. И што е уште полошо за нив, во меѓусебните дуели немаат решение како да го надиграат и да го победат Лацио. Имаат четири порази по ред, а на повидок е и петката.

Хендикеп за Лацио е што нема да играат Пароло и Валас, но римјаните имаат квалитетен и широк ростер што може и мора да го победи Емполи.

Предлог тип: Т1 3-5 гола (2.40) Квота на денот

 

Генгам – Лион (21 часот)

Во 2016 година Генгам приреди сензација на „Стад Жерлан“ и по вистинска драма, со подобро изведување на пеналите го елиминира Лион во меч од националниот куп. И тогаш и сега се работи за меч од осминафиналето, а се игра по нокаут-систем, без поправен испит.

И на двете екипи овој дуел им доаѓа во незгоден момент. Генгам е последен на табелата во француското првенство само со 14 бода по 22 одиграни натпревари и е прв кандидат за испаѓање. Основна цел е да се избори спас во домашното првенство, а веројатно и за Лион приоритет во овој момент не се натпреварите во Купот. По победата против ПСЖ, лавовите од Жерлан се вклучија во битка за втората позиција со Лил, а ги чека и многу важен двомеч со Барселона во Лигата на шампионите.

Сепак, гостите се многу поквалитетни и имаат поголеми шанси да се пробијат во четврт-финалето на Францускиот куп.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.20) Квота на денот

 

Бетис – Валенсија (21 часот)

Бетис има екстра мотиви да ја елиминира Валенсија во полуфиналето на шпанскиот куп бидејќи мечот за пехарот за првпат ќе се игра на нивниот стадион „Бенито Вилјамарин“. Но дотаму има големи пречки кои треба да се совладаат.

Прва на ред е незгодната за нив екипа на Валенсија, која има многу повеќе успех во меѓусебните дуели и серија од четири меча без пораз против Бетис.

Валенсија сериозно ја подобри формата и ѝ покажа заби и на моќната Барселона, со реми 2-2 на „Камп ноу“, но и Бетис е одличен сезонава. Како потврда е триумфот против Атлетико во последната рунда од Ла Лига и подобрата позиција од Валенсија во моментов во шпанското првенство.

Се играат два меча, па Бетис мора да атакува на што подобар резултат пред реваншот на жешката „Месталја“. Валенсија е во интересна ситуација и за неа „Бенито Вилјамарин“ може да биде таличен стадион, ако го победи Бетис вечерва и потоа и го крене пехарот на истиот стадион во финалето на Копа дел Реј.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.50) Квота на денот

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести