Манчестер ќе го победи Лондон со 2:0

Ѓорѓи Христов очекува двојна радост во Манчестер и победи и на Јунајтед и на Сити против ривалите од Лондон, Фулам и Челзи. На мини-дербито на Лондон меѓу Кристал Палас и Вест Хем типува реми, а сигурни победи ќе забележат Ливерпул и Арсенал.

Фулам – Манчестер јунајтед (Сабота, 13.30)

Клаудио Раниери вели дека е време за прв пораз на Манчестер јунајтед во новата ера со Солскјер на кормилото, но јас не верувам дека Фулам може да изненади.

Напротив, мислам дека гостите ќе победат во ефикасен меч и ќе ја продолжат импресивната серија без пораз со Норвежанецот како тренер.

Фулам и по традиција игра лошо против „црвените ѓаволи“ и последната победа во меѓусебните дуели им е од пред 10 години. И денеска ќе загубат, а бодови за спас ќе мора да бараат на некој од наредните натпревари во Премиерлигата.

Предлог тип: 2&3+ (2.35)

 

Кристал Палас – Вест Хем (Сабота, 16 часот)

Премиерлигата има доста клубови од Лондон, па повторно ќе гледаме локално дерби во главниот град, што често се случува сезонава.

Кристал Палас е во подобра форма, но Вест Хем е незгоден тим, а и полека, но сигурно главните играчи на тимот се враќаат по повредите.

Последните меѓусебни натпревари им беа неизвесни, честопати играат нерешено, а верувам дека и денеска ремито е најреален исход на „Селхрст Парк“.

Предлог тип: Х (3.30)

 

Хадерсфилд – Арсенал (Сабота, 16 часот)

Хадерсфилд веќе нема што да чека, бидејќи премиерлигашкиот статус се чини дека е загубен. Тимот од Јоркшир вообичаено сезонава игра тврдо, но против Арсенал мора да игра многу поофанзивно, ако сака подвиг.

Арсенал стандардно игра напаѓачки фудбал, па очекувам ефикасен меч и победа на гостите од Лондон. Се борат за позиции кои водат во Лигата на шампионите и не смеат да си дозволат кикс. Традицијата апослутно е на страната на „топчиите“. Имаат четири победи против Хадерсфилд на исто толку мечеви, а верувам дека на ред е и петтиот триумф.

Предлог тип: 2&3+ (2.50)

 

Ливерпул – Борнмут (Сабота, 16 часот)

Ливерпул го загуби чекорот и прокоцка солидна бодовна предност пред шампионот Манчестер сити, но се уште е сериозен кандидат за титулата.

Но, веќе нема право на кикс во мечеви кои мора да ги добива, како овој со Борнмут. Противникот им лежи, го победија Борнмут на последните три меча и тоа без примен гол, а и сега очекувам да ги освојат бодовите.

Ливерпул нема простор да чека, мора од почеток да одигра офанзивно и верувам дека по првото полувреме ќе го реши мечот во своја корист.

Предлог тип: 1-1 (1.66)

 

Манчестер сити – Челзи (Недела, 17 часот)

Ова е тежок испит за шампионот во битката за одбрана на титулата. Сепак очекувам да го победат Челзи. Домаќините навреме се разбудија по поразот од Њукасл и сега се во рамноправна трка со Ливерпул за пехарот во Премиерлигата.

Манчестер сити има најголем избор на квалитетни играчи во англискиот шампионат и очекувам и против Челзи да одигра добар меч. Поблиску се до победата, иако бодовите се мошне важни и за гостите.

Предлог тип: 1&2-3 гола (3.20)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести