Пет интересни натпревари се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life, кои ако се одиграат заедно на еден тикет, може да ви донесат добитен вкупен коефициент од 50.23.
Бешикташ е домаќин на Аланијаспор во меч на кој се очекува да има погодоци на двете страни и во двете полувремиња, комбинација која носи коефициент од 2.25.
Лидерот во Ла Лига, Жирона, му гостува на Бетис и тука играта е каталонскиот тим да не загуби, а притоа и двата тима да постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.30.
Гент е апсолутен фаворит за победа против ОХ Левен и тука играта е фаворитот да постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. Оваа комбинација носи квота од 2.15.
Кристал палас го пречекува Брајтон во меч од Премиер лигата, а кога гостите играат, се знае дека головите се задолжителни. Брајтон на 16 од вкупно 17 натпревари одигра „гол-гол“ и оваа серија ја прекина во последното коло, кога загуби од Арсенал со 2:0. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека вечерва ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.10.
Последниот предлог е од мечот меѓу Алавес и Реал Мадрид во Ла Лига, каде што фаворитот е познат. Квота од 2.15 се добива ако се одигра на победа на Реал Мадрид и биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.