Лавеци втор пат за помалку од 20 дена заврши во болница

Славниот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци, поминува тежок период во својот живот, откако по втор пат за помалку од еден месец заврши во болница. Како што пренесува шпанска „Марка“ која се води на извори од аргентински медиуми, Лавеци се наоѓа во болница во Буенос Аирес, каде е примен поради предозираност.

Некогашниот репрезентативец е на интензивна нега каде лекарите ќе се обидат да го детоксираат.

Поддршка за Лавеци во болницата е само неговата девојка Натали Боргес, додека неговиот син преку социјалните мрежи се обиде да ја демантира оваа информација, пишувајќи дека тоа се „измислени работи“. Се претпоставува дека Лавеци подолг период ќе остане во рехабилитацискиот центар во болницата, за да проба да ги реши проблемите со зависноста.

Пред Нова година, Лавеци заврши во болница откако со нож беше избоден во семејна расправија.  

 

- Оглас -

Најнови вести