Јута џез го направи најголемото изненадување ноќеска во НБА лигата, откако на гостински терен убедливо го победи Милвоки бакс со 132:116. Милвоки го има вториот најдобар резултат на Истокот (25 победи и 12 порази), немаше шанси да се спротистави на расположените гости.
Џезерите поведоа уште на стартот со 5:0 и потоа само покажуваа сила, па на крајот од првата четвртина стигнаа до 41:23. И во следната четвртина госитите продолжија да го „мелат“ противникот, па на полувреме заминаа со позитива од 31 разлика (77:46).
Милвоки заигра многу подобро на почетокот од второто полувреме и успеа за една четвртина да анулира дури 21 поени на гостите, па деливаше дека може да има и неизвесна завршница. Сепак, во последната четвртина, Јута покажа квалитет и во ниту еден момент не дозоволи да ја доведе победата во прашање.
И покрај поразот на Милвоки, Јанис Адетекумбо беше најдобар на теренот и на крајот имаше трипл-дабл од 25 поени, 10 скока и 11 асистенции. Кај домаќините се истакна и Мидлтон со 23 поени, но овие двајца беа премалку да ги спречат расположените гости во чии редови имаше дури петмина кошаркари со 19+ поени.
Резлутати: Шарлот – Чикаго 112:119 по продолжение, Индијана – Бостон 133:131, Вашингтон – Оклахома 128:136, Мајами – Хјустон 120:113, ЛА Клиперс – Феникс 138:111.