Стратегот на Мајами хит, Ерик Сполстра, веќе со години седи на клупата на Жешките, а сега го потпиша најголемиот тренерски договор во историјата на НБА-лигата. Сполстра ќе добие 120 милиони долари, а тоа му е награда за работата и фактот дека во последните неколку години е еден од најдобрите тренери во лигата.
Договорот требаше и порано да биде потпишан, но се чекаше тренерот да заврши една приватна работа, а тоа е да се разведе. Сполстра стави крај на седумгодишниот брак со Ники. Со тоа што Ерик и Ники и официјално не се во брак, сега веќе поранешната жена на тренерот нема да може да добие ниту еден долар од новиот договор на тренерот.
„Донесовме тешка одлука за заеднички прекин на бракот. Двајцата остануваме посветени на заедничките родителски обврски. Децата се приоритет за нас, но сега е време да поминеме во една следна фаза од нашите животи“, рече тренерот на Мајами хит.