1301 Алавес – Кадис (21 ч.)
Дуел на две екипи на кои во фокусот им е опстанокот во Примера дивисион. Алавес дома игра солидно и е со четири победи и исто толку порази. Кадис сезонава на гости е без победа во 10 дуели.
Традицијата вели дека не треба да се очекуваат многу погодоци, затоа што на 10 од последните 11 средби имало максимум два погодоци, а само еднаш било 3+ во голови.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.83)
1655 Гент – Мехелен (20:45 ч.)
Гент сезонава дома нема ниеден пораз во 10 средби, а Мехелен е еден од послабите тимови на гостински терен. Нападот е адут за домаќините кои во просек постигнуваат речиси по два погодоци на меч сезонава.
Гент има четири победи и едно реми во последните пет средби со Мехелен, а и сега тоа е тимот кој е фаворит за освојување на три бода.
Предлог тип: 1-1 (2.23)
1011 Сандерленд – Хал (21 ч.)
Две екипи кои ги дели само еден бод на табелата во Чемпионшип. Сандерленд нема ниедно реми во 13 средби пред своите навивачи сезонава, а Хал е тим кој знае да биде опасен на гости.
На последните пет меча, Хал и дава и прима голови, едноставно игра отворен фудбал и сигурно може да се очекуваат погодоци и на оваа пресметка.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)
3612 Интер – Лацио (20 ч.)
Борба за пласман во финалето на Суперкупот на Италија, а се игра на неутрален терен во Ријад, Саудиска Арабија. Лацио е во одлична форма и има пет победи по ред, но секако дека Интер е посебен ривал.
Речиси е израмнет билансот во последните 10 меѓусебни дуели. Интер има пет победи, Лацио се радувал четири пати, а само еднаш било нерешено. На седум од последните осум меча на овие тимови имало барем по три гола, па ако продолжи оваа традиција, треба да биде возбудливо.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)
1538 Бенфика – Боависта (21:15 ч.)
Бенфика никако не смее да си дозволи киксови на свој терен ако сака да остане веднаш до лидерот Спортинг. Боависта е тим има слаба одбрана, но интересно е дека токму Боависта ѝ го нанесе единствениот пораз сезонава на Бенфика во првенството откако славеше дома со 3:2.
Токму тој пораз од првиот дел од сезоната треба да е сигнал за Бенфика да не го потцени овој ривал.
Предлог тип: 1-1&2-4 (2.55)