Примамливи се денешните Квоти на ден кои ако сите пет ги одиграте на еден тикет ќе добиете вкупен коефициент од 40.20. Манчестер јунајтед го пречекува Вест хем во меч на кој Црвените ѓаволи не треба да загубат, а двата тима треба да постигнат барем по еден гол, за да биде добитна комбинацијата што вреди коефициент од 2.10.
Арсенал и Ливерпул играат во дербито на Премиер лигата и тука советот е да се одигра на голови и тоа во мрежите на двата тима и во двете полувремиња да има барем по еден погодок. За оваа комбинација квотата е 2.10.
Олимпик Лион е домаќин на Олимпик Марсеј, а тука една хазардерска понуда и тоа во второ полувреме да има повеќе погодоци отколку во првиот дел. Квотата е 2.15.
Интер и Јувентус ќе играат во големото италијанско дерби, а понудата е Нераѕурите да не загубат во дуел на кој треба да биде постигнат еден гол во првиот дел, за да биде добитна комбинацијата која вреди точно два коефициент.
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид играат во дербито на главниот град на Шпанија и тука опцијата е да се одигра на погодоци во мрежата на гостите. Реал Мадрид да даде најмалку еден гол во првото полувреме, а Кралевите на крајот од средбата да имаат постигнато барем два погодоци се вреднува со коефициент од 2.12.