Парите ќе бидат виновни да се раскине врската која трае девет години меѓу Сити и Де Бројне?

Кевин де Бројне речиси една деценија е еден од најважните играчи во тимот на Манчестер сити. Белгискиот репрезентативец има актуелен договор со Граѓаните до 2025 година, но сè погласни се шпекулациите дека летово може да си замине од клубот.

Де Бројне дојде во Сити во 2015 година за трансфер вреден 80 милиони евра од тимот на Волфсбург. Ова беше еден од најголемите трансфери во тоа време, но на крајот се покажа дека е и еден од најдобрите на граѓаните затоа што Белгиецот се покажа како лидер на теренот.

Сепак, како што пишуваат англиските медиуми, можеби е дојдено време Де Брујне да си замине од Сити и да најде нов предизвик. Шпекулациите се дека летово ќе биде продаден во Саудиска Арабија, од каде што има интерес од неколку клубови.

Шпекулациите се дека клуб од Саудиска Арабија на Де Бројне му понудил годишна плата од 70 милиони евра, па белгискиот офанзивен играч за врска се подзамислил да ја прифати.

Од друга страна, од Сити не сакаат лесно да се откажат од Де Бројне и тие се подготвени да му го продолжат договорот. Сепак, Граѓаните немаат финансиска моќ како клубовите од Саудиска Арабија, па во следниот период ќе остане фудбалерот да одлучи дали финансиите ќе бидат клучни за да го смени клубот во којшто игра девет години.

- Оглас -

Најнови вести